Сакам да создадам нешто што ќе остане: И Ѓоко Танески се врти кон корените

Докажаниот пејач Ѓоко Танески е последен во низата „забавњаци“ кои се свртоа кон корените и инспирација најдоа во етно-музиката, но и во класичниот фолк. По Каролина Гочева, „Некст тајм“ и Бени Шаќири, сега и познатиот охриѓанец одлучи на фановите да им понуди сосема поинаква музика која најчесто подразбира и поголема заработувачка.

Идеја да сними нешто поразлично, Танески имал од поодамна. Не сакал обработки, туку авторска музика, градски, чалгиски теми со модерни аранжмани. Така и се случила соработката со Никола Мицевски и рефренот „Една љубов имам“, песна за која стиховите Танески самиот ги напиша.

- Поп-музиката не се цени како порано и затоа сакам да создадам нешто што ќе остане, да се слуша и по дваесет години. Ние пејачите мора да бараме алтернатива, но тоа не значи дека сакам да се повлечам од препознатливиот комерцијален звук - ни изјави тој.


Ѓ.С.