САЛМОНЕЛА ВО ЧОКОЛАДНИ ЈАЈЦА, ЗАТРУЕНИ ДЕСЕТИЦИ ДЕЦА - „Фереро“ ги повлекува производите

Најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно мали деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“.

Чоколадната компанија Фереро повлекува некои серии од јајцата како мерка на претпазливост додека продолжуваат истрагите за поврзаноста, соопшти Агенцијата за стандарди за храна (ФСА).

Повеќето случаи се регистрирани во Европа, вклучувајќи ги Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Јајцата се произведени во Белгија.

Во Британија не се пријавени смртни случаи, но повеќето случаи вклучуваат деца на возраст од пет години и помали.

Детали читајте на Фактор тука.