„Само една Бугарка може да биде толку убава“: Како Елена Ристеска врати на ваквиот коментар на нејзината фотографија

Добивај вести на Viber

фото:Иван Наунов

Елена Ристеска одамна музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција. 

По лансирањето на парфемот, Ристеска започна и со онлајн продажба на истиот. Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна. Имено, таа објави дека во продажба се пушта и нејзина линија гелови за туширање, а истите ги претстави со фотосесија на која навистина изгледа прекрасно.

Нејзиниот пост доби многу лајкови и коментари, комплименти и пофалби, а на една од фотографиите, каде обожавател од Бугарија ѝ коментираше таа не остана рамнодушна и му врати.


На коментарот Елена собра близу 2.000 лајкови, а на фотографијата коментираа околу 500 луѓе.