Сашка Николова: Со новиот инсулин почнав да го регулирам и следам нивото на шеќер

Која е всушност Сашка во приватниот живот?

Јас сум сопруга и мајка на прекрасен тинејџер Јан, дополнително сум и менаџер во компанија, па и мојот живот е динамичен сам по себе. Семејството ми е најважно во однос на поддршката и помошта во борбата со дијабетесот т.е. мојата состојба. Дијабетесот, всушност,  не се смета за болест туку за трајна состојба. Истата бара многу од нас дијабетичарите, но и од нашите семејства, а пред се бара трпение и посветеност. Благодарна сум што во најтесниот круг имам прекрасни луѓе околу мене за да ми помогнат во контролата и борбата со дијабетот.

Кога и како дознавте дека имате дијагноза со дијабет?

Наскоро ќе заокружам 10 годишен јубилеј откако сум дијагностицирана со овој проблем. Дознав сосем случајно. Во еден момент почнав да гледам заматено, а имав одличен вид, имав вртоглавици и одеднаш за една недела изгубив доста килограми и мислев дека тоа е дел од секојдневниот живот. Во тој момент спремав и магистерски студии и мислев дека тие светки и таа заматеност во погледот ми се најмногу заради начинот на живот во тој период. Затоа, сопругот ме посоветува да одам и да направам барем една крвна слика. Тоа и го направив. На овој тест шеќерот во крвта ми беше навистина висок , многу над горната граница и тоа беше почетокот на сите активности кои следеа понатаму, како и на моето дружење и борба со дијабетот.


Целото интервју прочитајте го на hybrid.mk