Се породи Ники Минаж: Раперката стана мајка за првпат

Ники Минаж го роди своето прво дете во средата наутро, пренесува ТМЗ.

Ники (37) и нејзиниот сопруг Кенет Пети (42) станаа родители за прв пат, но полот и името на детето сè уште не се откриени.

Познатата раперка ја објави веста за својата бременост на крајот на јули оваа година, а по тој повод објави неколку фотографии од бременоста на Инстаграм.

"Љубов, брак и бременост. Јас сум полна со чувства на благодарност и возбуда. Ви благодарам на сите за вашите љубезни желби", напиша таа во таа пригода.

View this post on Instagram

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on


Нејзиниот сопруг, за кого се омажи минатата година, беше обвинет за убиство и е регистриран како сексуален престапник, за што беше уапсен на почетокот на март, но набргу беше ослободен да се брани од слобода.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Ќе се стопите: Софија Милошевиќ објави фотографија од синот кој нема ниту месец дена