Се породи сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа стана мајка по трет пат: Откриен е полот на бебето

фото:Profimedia

Пипа Мидлтон (38), помладата сестра на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз (46) по трет пат станаа родители!

Како што пишува People, по синот Артур (3) и ќерката Грејс (1), се родило уште едно девојче, но парот не откри какво име и избрале.

Пипа Мидлтон беше сликана на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата минатиот месец. Мидлтон се појави во зелен фустан, кој јасно го истакна нејзиниот труднички стомак. Тогаш јавноста всушност дозна дека Пипа е бремена.

фото:Profimedia

фото:Profimedia

Како што пренесуваат светските медиуми, сестрата на Кејт Мидлтон стана мајка по трет пат. Таа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус добија уште едно девојче. Тие двајца сега имаат еден син и две ќерки.

Пипа и нејзиното семејство планираат да се преселат во село во близина на Баклбери, Беркшир, каде што пораснале Мидлтон и каде што нивните родители живеат и денес.

фото:Profimedia

Тоа место е на помалку од еден час возење од Виндзор, каде Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца наскоро ќе се преселат од палатата Кенсингтон.

извор:GLOSSY/stil