Седум едноставни начини да ја намалите загаденоста во вашиот дом

Речиси во сите домови има загадувачи на воздух и опасности кои не демнат, а слични се: готвење, греење, пушење, чистење, парфеми и мебел

Светската здравствена организација открива дека загадениот воздух во затворен простор, доведува до речиси 99 000 предвремена смртност во Европа.

Освен загаденоста на воздухот на отворено која е многу опасна по нашето здравје, но и по животната средина, важно е да не ја потценуваме загаденоста на воздухот и во нашите домови, посебно кога имаме предвид дека 90 отсто од времето во текот на денот го поминуваме во затворен простор, без разлика дали сме дома или во канцеларија.

Речиси во сите домови има загадувачи на воздух и опасност кои не демнат, а слични се готвење, греење, пушење, чистење, парфеми и мебел. Иако поединечни загадувачи на воздухот, како во затворено така и во отворен простор се неизбежни, постојат различни начини да ја намалите загаденоста на воздухот во вашата куќа. Ви претставуваме некои од нив:

* Отворајте ги прозорците и проветрувајте ја куќата

* Доколку готвите, користете аспиратор во спротивно нивото на азот -оксид може да биде поголемо од она со најзагадените патишта

* Избегнувајте да пушите дома или да користите свеќи

* Одберете мазна површина на подови, без теписи. Полесни се за чистење, а и прашината и влакната кои се собираат на теписите лесно може да се вратат повторно во воздух

* Обидете се нивото на воздух во вашата куќа да го одржувате помеѓу 30 и 50 отсто и секогаш погрижете се да имате вентилација во влажни делови од станот особено во  купатилото

* Користете патосници на влезот во куќата, за да го спречите влез на прашина во вашиот дом

* Украсете го домот со билки, бидејќи не само што ќе го разубават вашиот животен простор, туку ќе придонесат и за намалување на загадениот воздух.