Седум години секој ден пиела по еден енергетски пијалак: Здравјето ѝ е сериозно нарушено, а погледнете како изгледа нејзиното тело денес (ФОТО)

Сите знаат дека енергетските пијалоци се штетни за здравјето, но сепак консумираат, некој поретко некој почесто.

Но, дури и малите количини се опасни, а камоли кога некој го консумира секојдневно. Тие содржат високо ниво на кофеин и влијаат на крвниот систем. Поради нивниот состав, тие можат да доведат до сериозна зависност. Се третира на ист начин како и сите други болести кои предизвикуваат зависност.

Дион Перат е поранешна зависничка од енергетски пијалоци, но последиците ги трпи и денес. Како тинејџерка пиела и до 5 енергетски пијалоци дневно. Не чувствувала никакви симптоми освен отчукувањето на срцето, кое не ѝ пречело, туку ѝ било интересно. Таа неодамна на својот Фејсбук сподели слика на која носи холтер мониторинг бидејќи сè уште има проблеми со срцето.

Под сликата напиша дека вака завршуваат оние кои се „дават“ во енергетски пијалоци. Рече дека сега постојано треба да ја носи кутијата со себе и да биде завиткана во жици.

 Таа сакаше да ги освести младите да не завршат како неа и апелираше до родителите да им забранат на нивните деца да го земаат тој отров.

Додека ги пиела тие пијалоци престанала да јаде за да ослабе, па сега мрази храна и има дополнителни здравствени проблеми. Дион рече:

„Немав никаков проблем, освен што ми чукаше забрзано срцето, во што уживав, бидејќи се чувствував како да сум на облаци. Дури кога го изгубив моето бебе по втор пат, лекарите забележаа абнормалности во мојот кардиоваскуларен систем. Затоа, најдобро е да размислите пред да почнете да консумирате вакви пијалоци“, рече таа.

извор;najzena