Седум свадби се сопрени вчера од Пазарната инспекција: Граѓаните се премногу опуштени

Додека свадбената индустрија (ресторани, фото студија, дуќани за веначаници и организатори на свадби, музичари, итн.) е меѓу најпогодените поради коронакризата, меѓу нив има и такви кои против сите мерки и протоколи, тајно организираат свадбени веселби.

Во текот на вчерашниот ден Пазарната инспекција, освен во неколкуте скопски барови, влегла и во седум ресторани каде се правеле свадби со повеќе од 150 луѓе. Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека три се организирале во Скопје, две во Тетово и влегле во ресторанот „Престиж“ во Струга, кој е на два ката, и каде се одржувале две свадби.

-Што да ви кажам, само од синоќа имаме 14 кривични пријави. Влеговме во ресторанот Мирко „919“ каде се правеше свадба, во ресторанот „Буши“, имаше свадба и во Чаир, преполни беа сите со гости. Во Тетово на пример, ги прават свадбите во ресторани кои се малку затскриени, но ете одиме и поднесуваме и кривични пријави и прекршочни, но очигледно тие гајле немаат. Во Струга, пак, ресторанот „Престиж“ е на два ката. И горе и долу имаше две свадби со над 150 луѓе.

Продолжува на Фактор.мк