Секс-кампот за дел од децата бил можеби забава, но за некои голема траума: Насилно и нестручно е влезено во интимната сфера на тинејџерите - психотерапевт Карбевска

Македонската јавност неколку дена по ред не се смирува по скандалот со организирање на кампот во Зелениково од страна на Првиот скопски извиднички одред, на тема „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Сведоштвата на родителите и децата се запрепастувачки, а дел од коментарите на јавноста која е згрозена од ваквите случувања, се дека кампот наменет за сексуална едукација на младите преминал во перверзија и педофилија, особено што возрасни луѓе делеле награди за најдобри гради на девојчиња од 16 години, а биле приморувани и на глумење на скес сцени пред манастир. Според стручни лица пак, ваквите настани, кај младата популација доведуваат до вистинска траума. Во разговор за Фактор, Светлана Карбевска, психијатар-психотерапевт, посочува дека кампот за некому претставувал обичен стрес, за некому забава, додека за кај некои од тинејџерите е големо трауматско искуство, заради што треба да се работи понатаму со тие деца.

-Психосексуалниот развој е суптилна проблематика која што на суптилен начин треба да се доближи до младите и навистина треба да биде спроведена од страна на стручни лица. Во конкретниот случај, работата е целосно излезена од контрола. Не сите деца се спремни, толку отворено и на таков насилен начин да бидат приморувани на одредени активности, без разлика што станува збор за симулација. Според тоа што досега е кажано во јавноста, активностите кои таму биле спроведувани не соодветсвуваат на возраста, ниту пак децата ги добивале од компететни луѓе. Заради што и очекувано е да испливаат реакциите од страна на децата. Во овој случај, децата кои отворено проговирија за ова, се почувствувале загрозено, па изреагирале инстиктивно, поради што насилно е влезено во нивната интимна сфера, без согласност и без спремност на децата за да длабоко се навлезе во тој интимен простор. Затоа велам дека станува збор за нестручно влегување во интимната зона на една ранлива категорија деца. Кампот можеби за некому бил забава, за некои од децата е стрес, но за некои пак, претставува вистинска траума. Треба понатаму стручни лица, односно психолози, психијатри, психотерапевти да работат со тие деца, за да го надминат тоа непријатно искуство, вели Карбевска.

Целиот текст продолжува на Фактор.мк, ТУКА