Селма на „Бијело Дугме“ наполни 90 години и славеше со Жељко Бебек

Добивај вести на Viber

„Селма“ беше еден од најголемите хитови на „Бијело Дугме“ на сите времиња, а ја испеа првиот пејач на култниот сараевски бенд, Жељко Бебек.

Песната е посветена на една жена која во која босанксиот поет и текстописец Владо Дијак бил толку вљубен што нејзиното патување на факултет го опишал во песната. „Селма“ подоцна стана една од најубавите љубовни песни во регионот на сите времиња.

Таа Селма, вчера наполни 90 години, а роденденот го прослави во друштво на легендарниот пејач Жељко Бебек. Бебек со своите фанови на Инстаграм сподели слика со неа на која се гледа дека прославуваат со шампањско.

„Мојата драга Селма го прослави 90. роденден. Среќен роденден од срце“, напиша Бебек до фотографијата. Многу фанови на пејачот на Селма ѝ поскааа да ја доживее стотата година.

Селма Бориќ го запознала Владо Дијак во 1949 година, кога имала 19 години.Иако тој никогаш не ѝ изјавил љубов, за неговите чувства спрема неа сите дознаа од легендарната песна. 

Таа е родена во Зеница, а одела на школување во Сараево. На едно од патувањата со воз, ја сретнал поетот Дијак, се понудил да ѝ помогне со багажот и ѝ рекол: „Селма, не се наведнувај низ прозорецот“.

Дури во 1962 година, нејзиниот татко ѝ го пратил весникот во кој било обајвено дека токму таа е Селма за која се пее во баладата на „Бијело Дугме“.