Шарлиз Терон шокираше со изјавата: Ким Кардашијан има повеќе моќ дури и од Мерил Стрип!

Не сме на исто ниво на слава како Кардашијан, изјави актерката

Шарлиз Терон, една од најпознатите холивудски актерки, зборуваше за престижниот магазин „The Hollywood Reporter“, а делови од тоа интервју наидоа на различни реакции во јавноста.


Имено, познатата оскаровка во таа прилика изјави дека кога станува збор за влијанието во Холивуд, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан има многу поголема моќ од неа, нагласувајќи дека сèприсутната американска старлета е дури и помоќна од Мерил Стрип, една од најпочитуваните актерки во светот.


- Живееме во ерата на реалните телевизии и социјалните мрежи. Така, кога гледате на сето она што Ким Кардашијан го застапува, и не мислам на тоа во негативна смисла, бидејќи и покрај тоа што следам сè што прави, Ким има многу поголемо влијание дури и од Мерил Стрип, една од најголемите живи актерки - заклучува Терон и додава:

- За да бидеш таму каде што е Ким Кардашијан, ти треба многу повеќе од само среќа.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Извор: 24sedam.rs