Што сѐ може да купи Македонец со просечна плата?
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, изнесуваше 25.270 денари, според Државниот завод за статистика, а со овие пари вработениот може да купи неколку апарати за домаќинство, поевтин мебел или поголема количина храна.
Од продавниците за бела техника велат дека за таа сума може да се купат два фрижидери, но доколку се работи за поевтини производи, може да се набават повеќе апарати за домаќинство.
„Може да се купат машина за садови, машина за перење и микробранова и сето тоа заедно да чини до 25.000 денари. Има и поевтини работи, на пример миксери има од 1000 денари, па дури и поевтини и за тие пари може еден работник со просечна плата да купи 25 или дури и повеќе миксери. Два шпорети исто така може да се купат со просечната македонска плата“, велат од продавница за бела техника во Битола.
Целата приказна ја имате на ФАКТОР.МК