Што се случува со Доналд: Последните објави на Меланија Трамп го збунија светот

Добивај вести на Viber

фото: Profimedia

За многумина ова е доказ дека таа веќе долго време не го сака својот сопруг...

И покрај тврдењата дека сè е во ред во нивниот брак, многумина се уште се убедени дека врската помеѓу Меланија и Доналд Трамп не е во ред подолго време.

Последните во низата причини за овие сомнежи се објавите на Меланија Трамп на Твитер по повод Денот на вљубените. Интересно е што таа во ниту една од нив не го спомна сопругот Доналд.

"Вм испраќам љубов и сила секој ден. Среќен Ден на вљубените", напиша таа покрај своите фотографии со децата што беа направени за време на нејзиниот престој во Белата куќа. 


Таа им посвети уште една објава:

"Прекрасно е да се сретнат неверојатни деца од целиот свет. На сите им го честитам Денот на вљубените", напиша таа покрај видеото во кое ги гушка децата.

 „Секогаш беше јасно дека нема љубов во тој брак, а Меланија сега само го потврди тоа“, „Се чини дека Доналд не ѝ купил подарок за Денот на вљубените“, на шега велат твитерџиите за најавите на Меланија.

извор:GLOSSY