Сѐ им е поважно од семејството и кралицата: Меган и Хари повторно тераат по свое
Откако британската кралска палата потврди дека војводата и војвотката од Саксес оваа година нема да присуствуваат на традиционалната прослава на Божиќ во Сандрингем, британските медиуми дознаа дека тие нема да присуствуваат ни на вечерата во Бекингемската палата која веќе долги години се одржува во чест на послугата и вработените во кралската фамилија, а која кралицата ја финансира сама како би им изразила благодарност за напорната работа.
Освен тоа, Хари и Меган ќе го пропуштат и предбожиќниот ручек во Бекингемската палата, на кој во среда се собираат членовуте на британското кралство. Низа од овие важни настани младото семејство со своето седуммесечно синче Арчи, поради приватниот одмор, на локација која е се уште не е позната за јавноста.
Бидејќи минатите два Божиќа, двојката ги помина со семејството на Хари, кралицата Елизабета има разбирање што сега празникот ќе го поминат со мајката на Меган.