Синот на Брена бара жена преку оглас

Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ, преку својот Инстаграм профил сподели оглас за женење.

На својот профил, младиот пејач за следбениците сподели слика од оглас поставен на дрво на кој пишуваше:

„Барам сериозна девојка за мажење во странство, Канада, Америка, Австралија, Европа. Убаво момче, паметно, факултетски образовано, барам девојка за брак и создавање на семејство. Не е измама“, стои во огласот.

Но, неговите фанови се прашуваат дали и Стефан го интересира нешто слично, со оглед на тоа дека огласот го сподели со сите.