Скандал на „Француските Оскари“: Актерка протестираше гола поради епидемиолошките мерки

Добивај вести на Viber

Масиеро застана на сцената за да ја додели наградата за најдобар костим, облечена во костум од магаре и крвав фустан пред да се соблече пред публиката

Француската актерка Корин Масиеро (57) се соблече гола на сцената за време на церемонијата на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз во знак на протест против повеќемесечното затворање на театрите и кината во пандемијата на вирусот ковид-19. На нејзините гради пишуваше „Без култура, нема иднина“, а на грбот и пишуваше „врати ни ја уметноста Жан“, во порака до премиерот Жан Кастекс.

Масиеро застана на сцената за да ја додели наградата за најдобар костум, облечена во костум од магаре и крвав фустан пред да се соблече пред публика.

View this post on Instagram

A post shared by VPRCOMMAG (@vprcomm)



Церемонијата „Цезар“, одговорот на Франција на Оскарите, е нормално најважната вечер на францускиот кино-календар, но немаше блицеви на црвениот тепих или актери кои беа номинирани за награди во петокот.


Церемонијата се одржа во театарот, додека гневот и незадоволството расте кај актерите, музичарите и уметниците поради неподготвеноста на владата да одреди датум за повторно отворање на музеи, галерии, концертни сали и киносали. Марина Фоаз, една од најпознатите комичари во Франција, во страствен говор на отворањето на церемонијата ја коментираше одлуката на владата да ги затвори театарот и киното со месеци поради пандемијата од корнавирус.

Фоаз, која беше домаќин на вечерта, ја критикуваше министерката за култура Розелин Бачелот дека најде време да напише книга за време на кризата со ковид-19 и рече: „Ја губам довербата во вас“.

Таа не се двоумеше и ја нападна пошироката стратегија на француската влада за борбата против кризата ковид-19, бидејќи бројот на заразени во земјата надмина 4 милиони.

„Тие ја затворија нашата младост, ги затворија нашите кина и театри и забранија концерти за да можат да отвораат цркви затоа што ние сме секуларна земја, па старите луѓе можеа да одат во црква“, рече таа. Повеќето Французи се римокатолици.

Низ главниот град, неколку десетици демонстранти осма вечер по ред го окупираа театарот „Одеон“, барајќи повторно отворање на културните објекти и поголема финансиска поддршка.


Фото: Твитер/Инстаграм-vprcomm/pixsell