„Слушнав страшен крик како животно кое го колат. И тогаш сфатив дека тоа сум јас“: Водителката беше силувана и полиена со киселина од поранешното момче - 14 години подоцна се врати како Феникс

Во Лондон беше организирана „Pride of Britain“. Во престижен хотел продефилираа интересни модни изданија, меѓу кои имаше и исклучително спектакуларни. А една од најзабележителните гости беше познатата манекенка и водителка Кејти Пајпер.

Една од најубавите Британки Кејти Пајпер блесна на цветниот тепих во розов фустан со сирена крој. Својот одличен стајлинг за галата го заокружи со необична, но привлечна чанта. 

Кога Кејти се појавува во јавноста, нејзиниот одличен моден вкус секогаш остава силен впечаток, но неизбежно се сеќаваме на нејзината тешка животна приказна, што е доказ за нејзината извонредна храброст.

Славната Британка беше жртва на страшен напад пред 14 години кога нејзиниот поранешен партнер Даниел Линч ја полил со киселина на лицето на улица додека одела.

„Слушнав страшен крик, како некое животно кога го колат. Што ја направи таа врева?, си помислив. И тогаш сфатив дека тоа сум јас“, напишала таа во својата автобиографија „Убавата“, опишувајќи го ужасот што го доживеала.

При тој монструозен чин лицето и изгорело, коските и биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а киселината и ја зафатила и раката. 

Пред ужасниот напад, Кејти исто така била изложена на насилство. Споменатиот маж ја претепал, ја расекол со жилет и ја силувал во хотел во Бајсветер. Таа побарала лекарска помош и им кажала на лекарите и на полицијата дека се плаши од Даниел Линч.

Набргу потоа успеал да ја натера да оди во интернет кафе, а мажот Стефан Силвестре по негова наредба и полил киселина во лице. Проголтала и дел од отровната течност.

Храбрата Кејти Пајпер издржала стотици операции, а проблемите со оштетениот хранопроводник сè уште и предизвикуваат проблеми со голтањето. Некои извори наведуваат дека имала дури 400 хируршки зафати, додека некаде се наведува „помала“ бројка од 200 операции.

Жена која за многумина е инспирација, ја основа хуманитарната организација „Фондацијата Кејти Пајпер“, добитничка е на бројни награди, меѓу кои и признание за „Жена на годината“.

На храбрата и прекрасна Кејти Пајпер и се придружија бројни познати личности на настанот во Лондон. Каков стил покажаа на црвениот тепих, погледнете во галеријата:

Фото: Профимедиа