Снаата на Драган Спасов- Дац е бремена: Среќната вест ја откри на возбудливо патување во Исланд

Се запознале на Инстаграм, Јаков ѝ пишал прв и веднаш знаеле дека меѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство, па веднаш договориле прв состанок- вака Софија за Женски Магазин ја раскажа љубовната приказна со Јаков Спасов, синот на Драган Спасов Дац.

Тие направија прекрасна свадба, за која невестата избра необична креација, а по свадбата заминаа на меден месец.




Прво беа во Данска, а во моментов уживаат во возбудливите убавини на ладниот Исланд. Токму од таа дестинација снаата на Дац откри дека е бремена, и со сопругот Јаков го оечкуваат првото бебе.


Честитки!