Снежен Валентајн: Следуваат поларни денови

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни над 20 литри на метар квадратен проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Целата временска прогноза до крајот на оваа недела прочитајте ја на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк