Сопругата на Мартин од Некст Тајм наполни 30 години: Еве како музичарот ѝ честиташе роденден

Добивај вести на Viber

Сопругата на Мартин Филиповски од дуото Некст Тајм, ракометарката Андреа наполни 30 години.

Со торта на која беа ставени свеќички со бројот „30“  и украси со срца, Мартин и честиташе роденден на својата сопруга.

Андреа доби честитка и од Стефан, кој објави фотографија од нивната вечавка и напиша: „Среќен роденден, здрава, жива и успешна“.

Музичарот  неодамна со ракометарката беа на романтично патување во Рим, од каде споделија фотографии од посетата на културни знаменитости.

Мартин ја побара за жена Андреа на неговиот роденден на 20-ти септември минатата година, а на почетокот на јуни направија венчавка.

Фото: Инстаграм