Совеста е гласот на душата: Животната филозофија на неповторливиот Лав Толстој

Зборови на неприкосновениот Лав Толстој за среќата и тајната на животот ...

Лав Толстој (1828-1910) бил член на руското благородништво, а неговото семејство поседувало голем имот и стотици слуги. Првите години на младиот благородник биле исполнети со разврат, неморал и насилство.

„Убив луѓе во војни и ги предизвикував на дуели за да ги убијам“, напиша тој. „Губев на карти, ги експлоатирав селаните, ги осудував на казни, живеев разврат, ги изневерував луѓето... Така живеев десет години“.

Сепак, тој постепено го отфрли неговиот декадентен начин на живот, како и наследените верувања за неговото аристократско потекло, усвојувајќи радикален, неконвенционален светоглед што ги шокираше неговите современици.

Неговите реченици се цитираат и денес. Во нив лежи мудроста и тајната на среќниот и исполнет живот. Преку неговите зборови можеме да научиме многу за уметноста на живеење, па затоа ги издвојуваме неговите најубави цитати за вас:

-Секој мисли како да го промени светот, и никој не мисли како да се промени себеси.

-Ценете ги добрите мисли, и вашите и другите, кога ги препознавате. Ништо нема да ви помогне толку многу како добрите мисли за да ја остварите вистинската цел во вашиот живот.

-Никогаш не ги слушајте оние кои зборуваат лошо за другите и зборуваат добро за вас.

-Без физичка работа нема здраво тело или здрави мисли во главата.

-Она што поминало веќе не постои, она што ќе биде сè уште не е дојдено. Па што има тогаш? Само точка каде што се среќаваат минатото и иднината. Таму е целиот наш живот.

-Двајцата најмоќни воини се трпеливоста и времето.

-Зборувајте само за она што ви е јасно, инаку молчете.

-Плашливиот пријател е пострашен од непријател, затоа што се плашите од непријателот, а имате доверба во пријателот.

-Човекот е како дропка, чиј броител е она што е, а чиј именител е она што тој мисли за себе. Колку е поголем именителот, толку е помала дропката.

-Повеќето мажи бараат од своите жени доблести на кои тие самите не се придржуваат.

-Совеста е гласот на душата.

извор:GLOSSY