СТАРЕЕЊЕТО НА МОЗОКОТ МОЖЕ ДА СЕ ЗАБАВИ СО ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА: Еве што откриваат научниците во голема студија
ФОТО: Unsplash
Преминувањето на диета со многу свеж зеленчук и без преработена храна може значително да влијае на биолошката старост на мозокот, покажува новото истражување. Особено медитеранската исхрана богата со зеленчук, морска храна и интегрални житарки ги успоруваат знаците на забрзано стареење на мозокот кои обично се забележуваат кај дебелите луѓе.
Имено, нашата возраст во години не мора да се совпаѓа со биолошката возраст на организмот или со чувството и енергијата што ја имаме. Ако живееме нездрав живот, нашето тело може да старее побрзо од нас. Спротивно на тоа, биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, како што е наведено во оваа студија („The effect of weight loss following 18 months of lifestyle intervention on brain age assessed with resting-state functional connectivity), подобрата исхрана би можела да биде една од наједноставните опции за подобрување на физичката кондиција.
За секој 1 процент од изгубената телесна тежина - мозокот на учесниците изгледал речиси девет месеци помлад.