Се родила со тестиси во стомакот: Стомакот ја болел со денови, нејзиниот глас мутирал

Дани Којл, 25-годишна девојка од Шведска, била шокирана кога во пубертет ја дознала причината зошто никогаш немала менструален циклус.

Како дете, таа забележала дека нешто ја прави да биде поинаква.

Во нејзините тинејџерски денови, гласот на Дани одеднаш почнал да мутира и додека нејзините врснички се соочувале со нивниот прв менструален циклус, таа чувствувала само ужасни грчеви во стомакот.

На 14-годишна возраст, одлучи дека е време да оди на лекар, поради задоцнет пубертет.

Се покажало дека пубертетот не доцни.

Испитувањата откриле дека Дани има XY хромозоми, кои обично ги има кај мажите, но и дека таа нема женски репродуктивни органи, како матка.

Да бидат уште полоши работите, таа имала тестиси во стомакот, кои за среќа, ги откриле навреме, затоа што веќе биле зафатени со рак во рана фаза.

Лекарите и' рекле на Дани дека можат да го „нормализираат“ нејзиниот „медицински недостаток“ преку операција и хормонска терапија. Во 2009 година, сомнителниот карцином на тестисите бил отстранет и Дани била подложена на надворешна козметичка хирургија.

Денес, на 25 години, таа раскажа како започнала да ја забележува разликата помеѓу себе и другите девојчиња на 10-годишна возраст. Како што тие стануваа сè по женствени, таа само добила подлабок глас.

- Моето тело не реагираше нормално на тестостеронот произведен од моите тестиси, па јас сум родена како девојче. Тоа е среќа, затоа што секогаш се чувствував како жена. Долго време барав зборови за да ја објаснам мојата разлика. Покрај стравот од дијагнозата, се чувствував олеснето кога конечно имав објаснување. Се плашев дека никој нема да ме сака заради мојот „дефект“. Бев лута на целиот свет. Се прашував зошто мене - објасни Дани за весникот „Сан“.

- Мислев дека треба да ја чувам оваа приказна за себе и дека мора да биде тајна. Отидов и на хормонска терапија, која вклучуваше менопаузална естрогенска пилула. Мислев дека тоа ќе ме направи нормална девојка - Дани ја опиша својата борба.

Девојчето вели дека денес би постапила на еден сосема поинаков начин.

- Сега, сепак, се чувствувам како тие операции да ми наметнаа психолошка траума - призна таа.
Многумина веруваат дека има само два пола, но овие луѓе не запоставуваат сите нас кои не спаѓаме во ниту еден пол. Да знаев што знам денес, се прашувам дали би се определила за операција.


-Мислев дека интерсексуалноста е проклетство, но сега го гледам тоа како благослов. Јас сум активист за ЛГБТ заедницата и тоа ми помага да ја ширам свеста за проблемите со кои се соочував - заклучи 25-годишната.

Дани Којл е активист и се надева дека ќе ја подигне свеста за интерсексуални операции, особено оние што ги принудуваат своите деца да интервенираат. Таа верува дека зголемувањето на јавната свест може да биде решението.

извор: telegraf.rs