Сузана Ал Салкини: „Психички се спремам за – Среќна нова па и на свадба да ти играме оваа година“

Добивај вести на Viber

Македонскиот топ модел со сириско потекло, кој ја претставуваше Македонија на преку 20 интернационални избори за убавина, убавата Сузана Ал Салкини, на социјалните мрежи се пошегува на своја сметка. Имено, на само неколку часа од Новата година, Сузана објави хумористичен статус, со кој ги „предупреди“ сите оние кои сакаат да и ја честитаат Новата година да не и го спомнуваат бракот и за тоа кога треба го каже судбоносното „Да“.

Секако, без одглед на тоа што е на прагот на 5-та деценија, бракот е сериозна иснтитуција во која треба да пристапат само оние кои се целосно подготвени да се соочат со сите предизвици, па кога Сузана ќе се почувствува подготвена, тогаш и ќе го превземе тој чекор. Коментарите од страна, како и до сега, нема да имаат никакви влијание, само можат да предизвикаат дополнителна нелагодност, па затоа, наместо со традиционален статус со желби, манекенката одлучи да ја објави оваа фотографија, кој предизвика лавина реакции и коментари, генерално со хумористична содржина:


Фото:Facebook