Таа е 28 години помлада од него и 30 сантиметри повисока: Познатиот милијардер инстантно се заљубил во Славица, се развеле за 58 секунди, а таа собрала богатство

Љубовната приказна на поранешните сопружници Славица Еклстон (64) и Берни Еклстон (91) не престанува да ја интригира јавноста иако поминаа 13 години од нивниот развод.

Ќерката на Јово Радиќ и Љубица Маилќ, со српско потекло, која пораснала во Риека, го запознала милијардерот Берни Еклстоун на Формула 1 трката во Монца во 1981 година. Организаторите на овој спортски настан ја ангажирале да ја рекламира познатата спортска облека на брендот. Тогаш ѝ пречеле условите за работа, поточно високите температури, па се покајала што воопшто ја прифатила оваа деловна понуда. Таа немала поим дека е забележана од еден од водечките луѓе на настанот, Берни Еклстоун, сопственик на тимот Брабам во тоа време. 

„Ги проколнав жештините и трката и седнав на некој ѕид да запалам цигара. Штом ме виде, ме покани во неговиот мото-хотел. Тоа беше неговата мобилна канцеларија во луксузно опремен автобус. Ме покани на пијачка, но не можевме премногу да разговараме бидејќи јас не знаев англиски, а тој италијански. Му го дадов мојот телефонски број и за неколку дена успеа да ме најде“, изјавила Славица во едно интервју во деведесетите.

Од првата средба до свадбата... Славица стана госпоѓа Еклстон во 1985 година, презимето го задржала и по разводот кој следел во 2009 година. Британските медиуми први дознаа за колапсот на бракот откако дознаа дека таа се иселила од нивниот заеднички дом вреден 10 милиони фунти.

Милијардерот, чие богатство денес се проценува на три милијарди долари, ги демантираше тие извештаи, но не можеше да го спречи разводот. 

„Што имам од него? Тој доаѓа дома од работа по осум, вечера и спие. И да е на одмор, не може да седи мирно две минути. Не го интересира ништо освен работа. Нема хоби и другите луѓе ги смета за здодевни“, откри Славица која е причината за разводот. А се шпекулираше дека Берни и по разделбата бил заљубен во поранешната сопруга.

Според некои извори, разводот траел 58 секунди, а според celebritynetworth.com, Славица после тоа добила 1,2 милијарди долари, колку што и понатаму е вредноста на нејзиниот имот. Сепак, постојат наводи дека разводот всушност ја чинел повеќе, па таа наводно морала да му плати на поранешниот сопруг значителна сума пари.

Во 2012 година Берни се ожени со Фабијана Флоси (46) со која има син. И третата негова жена му е како Славица и помлада и повисока од него.

Да потсетиме, Славица Еклстон е околу 30 сантиметри повисока од нејзиниот поранешен сопруг, а тоа секако не беше пречка за љубовта. Причините беа многу посериозни.

Милијардерот од првиот брак има ќерка која никогаш не се појавува во јавноста.


Фото: Профимедиа