Таа е најубавата Србинка: Имаше бурен живот, ѝ изгоре 50 отсто од кожата, а денес е вистинска божица

Јована Ѓорѓевиќ важи за една од најатрактивните Србинки, а нејзината животна приказна е доста бурна.

Јована Ѓорѓевиќ беше и остана една од најубавите српски манекенки. Таа е многу активна на Инстаграм каде редовно објавува фотографии, а следбениците коментираат колку одлично изгледа.

Сепак, иако денес ужива во среќен и исполнет живот со својот сопруг, фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, со кој има две деца, многумина не знаат дека таа поминала низ многу бурен и тежок период во животот, кој успеала да го преброди и да продолжи понатаму.

Се пишуваше дека Јована во 2010 година се обидела да си наштети себеси скокајќи од мостот „Дуга“ во Нови Сад поради расправија со поранешното момче. Но, таа во една прилика ги демантираше овие наводи и стави точка на целата приказна.

„Таа приказна за скокање од мост е со мене веќе две години и тоа е првото нешто на кое луѓето мислат кога ќе се спомне моето име. Жал ми е што ги разочарувам читателите, но тој скок никогаш не се случи. Тоа беше несреќа, воопшто не беше намерна постапка. Секој што ме познава знае дека сум личност полна со ентузијазам и волја за живот, така што таа приказна е смешна и далеку од вистината“, изјави во една прилика Јована за „Стори“.

Само две години подоцна, манекенката доживеа голема несреќа.
Јована се здобила со изгореници за време на снимањето на спот.

За време на снимањето на спот паднала во вода чија температура била 90 степени. Таа се здобила со изгореници кои зафатиле педесет отсто од кожата на телото и останала без влакна. За среќа брат ѝ брзо реагирал. Три недели поминала во болница, а како што вели не дозволила трауматичниот настан да остави последици.

"За среќа, брат ми брзо реагираше и ме извлече, но и тие неколку секунди беа доволни за да почувствувам дека топлината ми продира во кожата. Не би му го посакала тоа искуство на мојот најголем непријател. Кога паднав во водата, многу добро се сеќавам на се што се случи и откако дојде Брзата помош. Поминав три недели во болница. Јас сум среќна девојка по природа, така што ова грдо искуство не ме промени, па затоа се чувствувам одлично како и секогаш. Насмевката и позитивната енергија ми е најголемиот адут. Откако излегов од болница не примам друга терапија освен редовното нанесување на кремите што ми ги препишаа лекарите“, изјави Јована по ова трауматично искуство.

Како што пишуваа тамошните медиуми, Јована имала неколку интервенции за кои и самата зборуваше. Ги зголемила градите и усните од кои подоцна го извадила силиконот. А го оперирала и носот.

"Затоа што бев идиот! Досада, мода, не знам! Не сум поубава поради тоа, згора на тоа... Тоа е единственото нешто што би го променила кога би можела, но за жал - не можам" - напиша сопругата на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ кога на мрежите прашаа зошто имала неколку операции на носот.

„Бидете паметни, размислете добро за секоја одлука, пред да се одлучите за нешто што е трајно и неповратно“, заклучи Јована, која денес живее со сопругот на релација Италија-Србија.

View this post on Instagram

A post shared by (@callmelolita)



View this post on Instagram

A post shared by (@callmelolita)


View this post on Instagram

A post shared by (@callmelolita)


извор:stil.kurir