Таа има 40 години и никогаш не спиела со маж, ова е нејзиното објаснение: „Никој не ме сака“

Лоло Џонс се отвори за нејзината одлука да нема секс пред да стапи во брак 

Познатата американска атлетичарка Лоло Џонс, покрај успехот во професионалната кариера, јавноста ја заинтригира и со својот животен стил и убедувања, поточно со одлуката да нема секс пред да стапи во брак, за што проговори и самата.

View this post on Instagram

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)


„Се обидов со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги спортисти, но секогаш ќе следуваше раскинување и моето срце беше скршено. Решена сум да го имам првиот секс во брак, но не можам да го најдам вистинскиот маж- изјави 40-годишната Лоло во едно од неодамнешните интервјуа.

Но, откако решила јавно да проговори за тоа, списокот на мажи со кои би можела да биде дополнително се намалил.

„Тоа беше грешка, ми ги уби сите состаноци после тоа. Немав шанса, пред тоа секогаш се двоумев: „Добро, како да му кажам, дали да чекам да ме запознае како личност или веднаш да ја фрлам бомбата“, признава таа.

View this post on Instagram

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)


Неодамна објави видео во кое откри колку сака семејство, и дека решила да се обиде со вештачко оплодување и замрзнување на јајце клетки.

„Ќе продолжам да му се молам на Бога да ме почести со човек достоен за него. Со години се молам и ронев многу солзи за Бог да ми дозволи да најдам сопруг. Дури се молев ако не сака да се омажам, да ја тргне таа желба од моето срце. Но, како што минуваа годините, сè повеќе сакам да се омажам и сакам да имам свое семејство. Постојано ми го кршат срцето. Често ме задеваат што избрав да немам секс пред брак. Момци во инбокс ми пишуваат дека сум стара. Дека треба да завршам со тоа. И така плачам. Каде си Боже? Еден дел од Библијата вели: „Ако прашаш нешто во моето име, ќе го направам тоа. Го замолив Бог да ја испочитува желбата на моето срце. Твојот збор вели дека двајца се подобри од еден“, изјави таа како гостин во една телевизиска емисија.

View this post on Instagram

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)


Лоло моментално има повеќе од 500.000 следбеници на својот Инстаграм профил и со нив споделува моменти од приватниот живот, па деновиве го најави процесот на замрзнување на јајцата, а често објавува и заносни фотографии во костими за капење за кои добива комплименти.

Извор: dnevnik.hr