Тања Савиќ завршила на инфузија: „2 дена била на плажа, а останатите денови од одморот ги поминала во болница“

Пејачката Тања Савиќ оваа лето нема да го памети само по убави нешта и многуте настапи кои ги имаше во регионот, туку и по одморот на море кој за неа се претворил во неубаво искуство.

Тања Савиќ на новинарите на телевизијата Курир им раскажа како го поминувала времето со своите деца на море, дали имало додворувачи...

- Децата прекрасно си поминаа на море. Поминав можеби само два дена на плажа, останатите денови од одморот ги поминав во собата спиев и одморав, одев на инфузија, одев во болници и слично. Навистина одев само на клиники. Се лечев и така – изјави Тања Савиќ.


Фото: Инстаграм