Татко ми ме малтретираше секој ден: Тешкото детство на Кристина Агилера

Иако навидум изгледа дека сите познати имаат живот во кој им тече мед и млеко, тоа не е така. Одличен пример за тоа е извонредната пејачка Кристина Агилера, која имала тешко детство, кое го предизвикал нејзиниот насилен татко. Таа својата тажна приказна од детствoто ја раскажа за E! 

„Бев сведок на многу непријатни работи. Премногу малтретирање, расправии, борби.. Како растев така се чувствував се' понесигурно. Чувството на немоќ е најлошото чувство на светот. Како излез од таа безизлезна ситуација го имав само пеењето. Болката која доаѓаше од дома е местото од каде што доаѓаше мојата љубов кон музиката.“

Работите се искомплицирале кога нејзината мајка ја пронашла облиена со крв, а на тоа Кристина ѝ кажала: „Тато сакаше да одмори, а јас бев премногу бучна“. По овој инцидент мајка ѝ решила да побегне со своите деца. 

Нејзиниот татко, Фаусто Агилера, бил пензиониран ветеран и кога Кристина започнала да прави кариера, тој се обидел да се смири со неа. За ова таа изјави: „Кратко го вратив во мојот живот, но за брзо време сфатив дека не е неопходен во него“.

Ова дефинитивно е одличен пример за тоа дека и на познатите не им е се така розево во животот. Затоа не дозволувајте да бидете жртва и пријавете доколку трпите насилство!