Татко остана без синот единец во трагедијата во Кочани: „Не ми треба живот повеќе“

Добивај вести на Viber

Меѓу ожалостените во Кочани е и татко кој го загуби синот единец и кој во целосна агонија и солзи зборуваше за она што се случило синоќа.

- Имав едно дете, и тој умре... 150 души во една дискотека, 500 души во една дискотека... 21 година, само што почна да живее, 150 души, 150 семејства ќе страдаат... За што ќе ми е живот, не ми треба живот повеќе... Едно дете имав, не ми треба живот луѓе, вели таткото очајно кој вели дека цела ноќ ја поминал пред дискотеката.



Владата на владина седница во 16 часот ќе прогласи седумдневна жалост.