Таткото состави список со прашања за дечкото на ќерката: Едно прашање беше особено болно

Запознавањето со родителите понекогаш може да биде непријатно, особено ако сте дечко и го запознавате таткото на вашата девојка.

Алиша Стубел од Велика Британија на Твитер го сподели смешниот список со прашања од нејзиниот татко, направен за нејзиното момче. Список направен за да види дали дечкото  ги исполнува барањата на таткото за да биде негов зет.

„Првпат дојдов кај моите родители со Енди, а татко ми му го даде овој список“, напишала девојката на крајот од списокот со прашања.


Една прашање особено се истакнуваше: Која е твојата историја на порнографските сајтови?

А еве ги и останатите прашања кои му ги поставил како список на дечкото, што  сакал да знае таткото на Алиша:

1. Со колку жени си бил  пред да бидеш со  мојата ќерка?

2. Каде се гледаш себеси за пет години?

3. Дали ќе можеш да се грижиш за моите кошници со пчелидодека сум  на годишен одмор?

4. Кои квалитети ги гледаш кај мојата ќерка,  што ве тера да мислите дека таа ќе биде добра сопруга?

5. Кои се твоите намери со ќерка ми?

6. Колку ќе бидеш добар и продуктивенкако сопруг и засемејството?

7. Во кои активности најмногу уживаш?

8. Каков е твојот темперамент?

Многумина беа изненадени од  списокот на нејзиниот татко, а под објавата на Алиша има голем број на смешни и забавни  коментари. Повеќето девојки се согласија дека истиот список може да го направи и нивниот татко.