ТЕ САКАМ МАМО, САМО ДА ЗНАЕШ
Тебе, мајко која се криеш, а зошто? Ти треба малку спокој додека солзите ти течат…
Тебе мамо, која си толку уморна и посакуваш малку мир… Затоа што ти треба.
Тебе мамо, додека плачеш на креветот, затоа што се извика на децата за ситница, па сега те измачува вината.
Тебе мамо, која очајнички сакаш да влезеш пак во старите фармерки, затоа што сакаш да се погледнеш во огледало и да се чувствуваш добро…
Тебе мамо, која не излегуваш од дома, затоа што животот ти стана претежок…
Тебе мамо, која си осамена, иако околу тебе е турканица секогаш…
Среќна си. Важна си. Вредна си. Ова е само една животна фаза. Навистина тешка и луда фаза во животот полн со предизвици. На крај, се исплаќа. Но сега е тешко. Тешко е за многу други. Некои не се охрабруваат да зборуваат. Но, ти не си сама.
Среќна си. Правиш се што е во твоја моќ. Овие очиња кои те гледаат, мислат дека си совршена. Овие рачиња кои сакаат да те допрат, мислат дека си најсилна. Тие мислат дека можеш да го освоиш светот. Оваа мала уста, мисли дека си најдобра, затоа што мешето е полно постојано. Ова срценце го сака твојот допир, и не сака ништо друго. Тоа те сака. Значи, среќна си. Ти си повеќе од среќна, мамо. ТИ СИ НЕВЕРОЈАТНА.