,

„Ти немаш брендирани патики“: Децата мислат дека се вредни само ако поседуваат нешто што сега е во мода

фото: SHUTTERSTOCK

Навреди, осуда, погрдни зборови и потсмев - вербалното насилство кај децата е доста раширено.

Брендирана облека и обувки, скапи телефони, големи џепарлаци - исмејувањето  поради социјалниот статус е секојдневие меѓу децата и стана најчеста форма на насилство кај децата.

„Немаш брендирани патики“
„Твојот телефон е безврска“
„Постојано носиш ист дуксер, сиромашен си“
„Твоите родители немаат пари, затоа ти купуваат само евтини работи“

Психолошкото насилство вклучува озборувања, омаловажувања, навреди, етикетирање, пцовки, потсмевања, уцени, закани, манипулации, забрана за комуникација, заплашување, изнуда на пари или работи, поттикнување употреба на наркотични средства и психоактивни супстанции, вклучување во деструктивни групи и организации. , посочува адвокатката Бојана Богојевиќ, стручен соработник на порталот Јумама.

Овој вид на насилство кај децата е најчест, и многу често не се сфаќа сериозно, ниту воопшто се гледа како насилство.

Децата сега, преку Интернет, се многу позаинтересирани за брендирана облека, обувки, скапи телефони, компјутери... Ова стана тренд и децата мислат дека се вредни само ако поседуваат нешто што сега е во мода.

Оние што немаат „доволно скапи работи“ се исмејувани и малтретирани. Родителите на децата стануваат мета на потсмев и грди зборови.
„Мајка ти и татко ти се сиромашни, немаат пари да ти купат подобар телефон“, е реченица што ќе ја слушнеме барем еднаш во секое училиште. Овој вид на однесување и потсмев е почест во градовите, каде има многу повеќе семејства кои можат да си дозволат скапа облека и технологија за своите деца.

Насилството веќе не е поврзано само со „груби, немирни и гласни дечиња“, како што обично се подразбираше. Насилството од врсници, а особено психичкото насилство, многу често е појава и кај девојчињата и момчињата. Секој може да изврши насилство, но и да стане жртва.

Сега, кога децата не се во училишниот двор, овој вид насилство е префрлен на социјалните мрежи. Насилниците сега имаат уште поедноставен начин да малтретираат без никој друг да го види тоа.

Родители, вашата улога во решавањето на овој проблем е голема!

Зборувајте со вашите деца, објаснете им дека „скапо“ не значи веднаш и добро. Разговарајте со децата дека луѓето не се ценети по основ на пари, туку со некои други, многу поважни работи.

Објасни им, исто така, како всушност се чувствуваат децата што ги задеваат и се потсмеваат. Разбудете ја емпатијата во нивните срца.

Разговорот е клуч за сè, а начинот на кој децата гледаат на парите и материјалните работи во голема мера зависи од вас.

Ако забележите дека вашето дете се потсмева, задева, малтретира, ментално вознемирува други деца, ве молиме реагирајте!

извор: YUMAMA.COM

Поврзани вести: