Животна училница // Приказни
Тие се симбол за надеж: Близначиња дојдоа на свет 20 минути по најсилниот земјотрес во Албанија
- 26 Ноември, 2019
Додека граѓаните во Албанија се во шок поради последиците од серијата земјотреси кои ја погодија земјата утрово, гинекологот Анике Докле објави дека 20 минути по земјотресот се родени близнаци.
„Јас и моите пријатели овој пат сме повторно во породилното одделение. Овие бебиња близнаци се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобриот симбол на континуитет на животот. Немам зборови“ - напиша Докле на својот Фејсбук профил, не прецизирајќи во кој град се родени близнаците.
Видеото погледнете го на Хаштаг.мк