Животна училница // Приказни
Тијана: Мојата втора бременост би можела да се случи само по природен пат
- 10 Август, 2019
Познатата пејачка, актерка и водителка Тијана Дапчевиќ отворено проговори на повеќе сензитивни животни теми, меѓу кои е и вонтелесното оплодување.
- Мојата втора бременост би можела да се случи исклучиво по природен пат. Зачетокот на нов живот е процес што го одредува оној горе, тој е инженер со сини очи. Тоа не значи дека сум противник на таквиот начин, имам доста пријатели што немаа ниедно друго решение, па со вонтелесно оплодување добија потомство. Меѓутоа, Милан и јас, колку и да сакаме повторно да станеме родители, ѝ го препуштаме тоа на судбината – објаснува Дапчевиќ.
Тијана со синот Вук