Толку многу направи за Македонија- како ѝ вративме? Да беше жива денес ќе славеше 81 –ви роденден – Есма Реџепова, кралицата која не смееме да ја заборавиме

Добивај вести на Viber

„Чекај животe ти не брзај се, ми се живее …“, овие стихови ги отпеа Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, во една од нејзините песни.

Есма е родена на 8-ми август 1943 година во Скопје. Таа почина на 73 години на 11-ти декември 2016 година.

Есма беше позната и по нејзината хумана човечка карактеристика.

Пејачката заедно со нејзиниот ансамбл „Теодосиевски“ одржаа бројни турнеи во светот, при што така го стекна и го уживаше епитетот „Кралицата на ромската музика“. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Помалку познати факти за Есма Реџепова:

*Родена е во мала куќичка во центарот на Скопје и била петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови;

*Таткото на Есма во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Па така Есма му станала помошник на нејзиниот татко;

*Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата ја принудила 9-годишната Есма да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани;

*На 13 години пеела во театарска претстава, па потоа добила покана да учествува на меѓу училишен натпревар во пеење во Сарај;

*Познатиот уметник кој во подоцнежните години ќе стане и нејзин сопруг Стево Теодосиевски, го убедил таткото на Есма, Ибраим таа да настапува со неговиот ансамбл;

*Во 1957 година, Есма победила на натпревар за пеење и добила покани за соработка од Радио Скопје, а потоа се приклучила како член на ансамблот „Теодосиевски“.

*Заради контактите и поразвиениот музички пазар, а Есма од 1960 година станува жител на Белград;

*Во 1968 година љубовта со Стево Теодосиевски ја крунисале со брак. Драчевци и денес се сеќаваат на големата и весела ромска свадба, а седум дена подоцна бракот го регистрирале во Белград. Бракот на Есма и Стево траел 30 години, се до смртта на Стево.

*Во 1961 година Есма пеела пред Тито, а како гостин на маршалот му бил индонезискиот претседател Сукарно. Песните на Есма ги слушал и либанскиот водич Муамер Гадафи, додека престојувал во резиденцијата на Бриони;

Народната поговорка „кој пее, зло не мисли“, најдобро го покажуваше низ годините токму единствената Есма. Преку песна ги сплотуваше народите, ги грееше срцата со нејзината насмевка и весел дух. Таа два пати беше номинирана за Нобелова награда за мир. Иако никогаш во нејзиниот живот немаше родено биолошко дете, Есма имаше цело богатство од посвеони деца, вкупно 47 на број. Сите тие растеле и се образувале во ансамблот „Теодосиевски“.

Во нејзината долгогодишна кариера Есма снимила и објавила повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Во светот имала настапувано и одржано повеќе од 22.000 концерти.

ПО СМРТТА НА ЕСМА

„Карлицата на ромската музика“ почина на 11 – ти декември 2016 година. По нејзината смрт како сите да заборавија на оваа легендарна уметница која придонесе многу за културата и музиката во Македонија.

Нејзината куќа на скопско Кале каде живееше и каде ги помина последните денови од нејзиниот живот остана во катастрофална состојба. Последна желба на Есма беше таа куќа да стане музеј, за кој на идните генерации кои ќе го посетат ќе им се раскажува за големата уметница и нејзините добри дела.

Но наместо музеј, куќата стана мета на крадци кои одземаа голем дел од вредните лични работи на пејачката.

Во запуштена состојба, опкружена со пиреј куќата на Кале е само нем споменик на животот на големата по срце Есма.

Во една прилика еден од нејзиниот посвоен син, Симеон Атанасов зборуваше, зошто куќата која требаше да стане музеј, се претвори во напуштена руина.

Имено, Есма оставила два тестаменти во кои напишала дека целиот нејзин имот го остава на државата, министерството за култура и дека тоа требало да биде музеј во кој ќе може да видат што се таа направила во нејзиниот живот, но и кариера. Авторските права му биле наменети на Симеон, а нејзините роднини, поточно внуците на нејзината сестра и брат, протестирале и ги оспорувале двата тестаменти.

Од вилата на Есма сместена на скопско Кале, украдено е сè што имало во тие 750 метри квадратни, а недостасуваат дури и врати и прозорци. Целиот имот на пејачката се простира на 1.300 метри квадратни.

ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ПРЕД СМРТТА НА ЕСМА РЕЏЕПОВА 

Бев покрај неа во болничката соба до два навечер. Лекарите имаа разбирање. Пиевме кафе и гледавме спотови. Имаше желба да живее, ни раскажа нејзината блиска соработничка Зорана Костовска

Последните часови пред смртта на Есма Реџепова

ОВАА УБАВИЦА Е ЕДИНСТВЕНАТА НАСЛЕДНИЧКА НА РЕЏЕПОВА 

Есма Реџепова имаше големо срце, па во текот на животот посвои четириесет и осум деца, а меѓу нив само едно девојче - пејачката ја нарече единствена наследничка.

Легендарната пејачка Есма Реџепова почина во декември 2016 година, во Скопје, на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Кариерата на Есма траеше речиси шест децении, а освен по музиката, Есма беше позната и по хуманитарната работа и несебичноста, што се одрази со тоа што посвои неверојатни четириесет и осум деца!

Легендарната Есма посвои 47 синови и една ќерка: Оваа убавица е единствената наследничка на Реџепова (ФОТО)

Нашата љубов згасна, бидејќи бев неподнослив: Вака зборуваше познатиот пејач кој долги години бил вљубен во Есма Реџепова

Се позајмуваше за музејот, две години спиевме во приколка: Синот на Есма си ја отвори душата

НОТАРКАТА НА ЕСМА ПОЧИНАЛА ВО ИСТ ДЕН СО ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕЈАЧКА

    Фото: Printscreen/YouTube/Kanal5tv
    Г.Д.Г