,

Трансформација: Кристина Димитри стана русокоса и објави нови вљубени фотки со момчето

Добивај вести на Viber

Манекенката и пејачка Кристина Димитри направи драстична промена - светлите прамени кои ги носеше долг период, ги трансформираше во целосно руса коса и се приклучи на клубот на блондинки.

Новата фризура ја покажа во видео каде заводливо позира:


Димитријевска од неодамна заплива во музичките води, таа веќе некое време има настапи низ земјава со Диџеј Боно. Двајцата често споделуваат провокативни заеднички фотографии, а поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски со кого го имаат синот Давид, дури ја промени и својата профилна фотографија во заедничка со диџејот. 

Дури и во утринското кафе за Женски Магазин,, Кристина не ја откри тајната, но изјави: „Мојот син е мојата главна мотивација, моето семејство и можеби уште една личност (се смее).“

Но, вчера објави нови вљубени фотки со Борјан Илковски, диџеј Боно, и покажа како уживаат покрај базен.


Синот на мисицата Кристина и Даниел Кајмакоски наполни 5 години: Роденденска забава со најблиските