Три дена по ред леќа или шпагети за ручек во студентскиот Стив Наумов: Директорот Велевски вели - нема ништо страшно

Студенти кои се сместени во Студентскиот дом Стив Наумов реагираат дека веќе две - три недели храната во студенстката кујна е еднолична. 

Неколку дена по ред јаделе боранија или леќа за ручек, салата немало воопшто, ниту пак овошје. За вечера секој втор ден на менито се шпагети со сирење. Студенти кои се сместени во Студентскиот дом Стив Наумов реагираат дека веќе две -три недели храната во студенстката кујна е еднолична. Но тоа не е најголемиот проблем - пред два дена снемало интернет, а од фирмата која го обезбедува дошле и ги земале рутерите. За храната и интернетот тие плаќаат во месечната сметка. Реагираат затоа што се револтирани - интернетот им треба за да следат настава и за да учат.

„Проблемот трае веќе 2-3 недели. Салата за ручек повеќе нема. Смути за доручек нема. Имаше црн леб сега и него го нема. Леб има само бел и тој којзнае колку време стои. Ручекот се исто, па исто даваат. Се случува неколку дена со ред да има исто јадење на пример леќа или боранија. За вечера секој втор ден шпагети со сирење даваат. И за ручек се случува шпагети да има. За вечера даваат тоа што треба да е за доручек како на пример пржени јајца, проја, вели студентка која е сместена во бараките во Стив Наумов.

Еве какви биле претходно оброците за ручек - пообилни и поразновидни

Вели дека прашале што се случува и вработените во кујната им рекле дека немаат нови производи, затоа што тендерот не бил објавен навреме. Студентката која сакаше да биде анонимна од разбирливи причини вели дека ситуацијата станува се полоша и полоша. 

Виктор Велевски, директор на Државниот студентски центар за Фактор потврдува дека проблемот е во набавката. Сепак тврди дека сега во кујната нема само раноградинарски производи односно овошје и зеленчук а сето останато било во ред. Вели дека баш леќа немало.

„Не гледам што е спорно да има за ручек шпагети потпечени со сирење. Или студентско соте кое го сервираат со ориз или со пире. Храната е разновидна, а да има леќа секој ден не може оти баш леќа сега нема. Точно е дека тендерот е завршен и сега нема овошје и зеленчук. Треба да помине време да се средат работите со објавата. А смути верувајте нема ни да има затоа што вработените не ги чуваат добро блендерите кои се донација, вели Велевски.

Продолжува на Фактор.мк / А.Т