Уапсен познатиот музичар: Брус Спрингстин сторил тежок прекршок

Во јавноста протече веста дека Брус Спрингстин влегол во сериозни проблеми со законот откако на крајот на минатата година бил фатен како вози под дејство на алкохол и несовесно возел во неговата родна држава Њу Џерси

Музичката sвезда на 14 ноември минатата година беше фатен во нималку ласкаво издание во Националниот центар за рекреација Гејтвеј во Сенди Хук, Њу Jерси, но веста е откриена дури сега.

Спрингстин е обвинет за возење во пијана состојба, забрзување на брзината и конзумирање алкохол на забрането место.

- Рок легендата соработува цело време - изјави портпаролката за безбедност на паркот Бренда Линг. Засега не се соопштени повеќе детали за случајот.

Според ТМЗ, колку што е познато, ова е прво апсење на Спрингстин за возење под дејство на алкохол.

Пејачот се очекува да се појави на суд во наредните недели, но точниот датум не е откриен.

ПР-от на Спрингстин сè уште не го коментирал случајот.


Фото: Profimedia