Убави Македонки кои богато се омажија во странство: Пари на претек, љубовта им цвета

Добивај вести на Viber

Љубовта не познава граници, парите се само обична хартија на која ѝ е додадена вредност. Изреката дека светот го „вртат“ парите отсекогаш била точна, но среќата и љубовта со пари не се купуваат, колку некои и да мислат поинаку!

Дел од нашинците кои живеат во странство се збогатија благодарејќи на својот труд. И секоја чест за тоа оти сите знаеме колку е тешко во туѓа земја да заработуваш, а многумина не разбираат дека маката е голема. На некои кои се родени таму некаде секако дека им е полесно, но збогатувањето кај сите не дошло преку ноќ.

Наши познати личности кои живееле отсекогаш овде, љубовта си ја пронајдоа токму кај горепоменатите. Имало секакви приказни, но она што ги обединува е секако љубовта, нивните деца, семејната радост, а парите само им се помошно сретство за остварување на повисоки цели. Живеат на релација Македонија- странство и често споделуваат убави мигови на социјалните мрежи.

Еве некои од нашите дами, кои среќата во љубовта ја најдоа надвор од Македонија.

Анета Наковска

Пејачката долго време трагаше по совршениот маж и конечно сонот и се исполни. Таа денес е сопруга на бизнисменот Спиро Кралевски, а повеќе години живее на релација Македонија - САД. Денес таа ужива во убавините и раскошот.

Сара Леши

Една од најпознатите македонски манекенски речиси преку ноќ замина далеку од Македонија. Многумина беа изненадени од веста дека се омажила за Том Вилис политичар, командант на батаљонот на специјалните сили на САД и кандидат за американски Сенат од Западна Вирџинија. Како што одамна изјави, таа е пресречна во љубовта и сето она што го има со Том.

Јасмина Муакетова

Бизнисменот Трајче Ристовски е Македонец од Америка кој ќе го гради големиот комплекс во Кавадарци, Литл Америка, и во кој планира да вложи 30 милиони евра, воедно тој  и сопруг на пејачката Јасмина Муакетова. Заедно тие живеат во Њу Џерси – Америка. Таа денес заедно со семејството ужива во раскош и луксуз, секако заслужено. 

Сузана Гавазова

Фолк пејачката Сузана Гавазова често на социјалните мрежи објавува фотографии од, како што вели, од нејзината најголемата љубов и поддршка во животот , бизнисменот Јасмин со кого има две ќерки. Тие повеќе од една деценија живеат на релација Македонија - Шведска, а за големата љубов меѓу нив надалеку се слуша.


Р.Ж.М.

Фото: Архива