Убавите луѓе се понесреќни во љубовта
И покрај уверувањето дека убавите луѓе во животот поминуваат полесно, истражувањата покажуваат дека на љубовен план не им цветаат рози.
Истражувањето спроведено на Харвард, дошло до заклучок дека и луѓето што се сметаат за натпросечно убави, тежнеат кон остварување на успешна и долготрајна врска. Овие луѓе, според експертите, полесно влегуваат во врска, затоа што на почетокот полесно наоѓаат партнер, но ретко остануваат во врската бидејќи имаат повеќе загрозувачки фактори од страна. Заклучено е дека тие едноставно имаат поголем избор и тешко им е да се скрасат на едно место.
Овој заклучок се однесува у на познатите личности и на обичните луѓе. И меѓу нив оние што се сметани за помалку атрактивни биле во долгогодишни врски или брак, а оние поатрактивните биле посклони кон авантури и најчесто биле сами.