УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА, ДВЕ ЖРТВИ, А МАКЕДОНКА Е ПОВРЕДЕНА, колите налетале на стадо диви свињи

Две лица загина, а четворица се повредени, меѓу кои и наша сограѓанка во сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи во соседна Грција. 

Меѓу повредените се и тројца полицајци, во несреќата која се случила вчера околу 11:30 часот, на новиот националниот пат Солун – Нео Петрициу.

Како што пишува „Ин.гр“ не е првпат дивите свињи да излезат на коловоз и да станат причина за тешки сообраќајни несреќи.

До несреќата дошло откако патролно возило со 42-годишен полицаец како возач и двајца негови колеги (44 и 36 години) како патници се судриле со стадо диви свињи кои поминувале и излетале од својот курс. Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо, се превртело во соседната нива.


Детали читајте на Фактор тука.