Утре на Табановце пристига донација од Србија: Вучиќ лично ќе ги предаде на Заев 8.000 вакцини од Фајзер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот на Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на земјава.

Во меѓувремне пристигна владиното соопштение во кое се наведува дека утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Инаку, премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата денеска информираше дека сеите вакцини се очекуваат да стигнат многу брзо во Македонија.

-Ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините, имаме најава дека дури и утре, немам уште потврдено и затоа нема да кажам детали, денеска попладне ќе дознаеме дали ќе биде така. Целата изјава на Заев прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк