„Вака пиеме кафе“: Марко со сопругата и близнаците на дневна прошетка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Водителот Марко Новески повеќе од пола година ужива во неговата нова животна улога - како татко на близнаците Вања и Веда.

Очигледно дека Марче заедно со неговата сопруга Цена уживаат во најубавиот период од животот во друштво на нивните две дечиња, но исто така улогата на родители е преполна со секојдневни предизвици.

Досега ги гледавме како заедно се снаоѓаат со близнаците додека се семеен одмор, но и како спортуваат со Вања и Веда додека се во количка на Скопскиот маратон.

Предизвик е исто така и да се седне кафе.

„Вака пиеме кафе“, напиша сопругата на Марко, додека во раце ги држат потпораснатите близнаци.

Во интервју за Женски магазин, Марко зборуваше за новиот животен предизвик, па и советуваше што побрзо да се стане родител тоа подобро, затоа што нема поубаво чувство од она што го доживеал кога се родиле Вања и Веда.

„Станете татковци, нема ништо поубаво на целиот свет, но бидете подготвени дека ќе ви се променат нештата многу. Нема поубаво нешто. Целото ова неспиење, не го ни чувствувам (лажам дека не го ни чувствувам) ама мала цена да плати човек за тоа што го добива. Нека се живи и здрави, тоа ми е само единствената мисла. Ако планирате да станете татковци, родители направете го тој чекор немој да дозволите да ви преовладаат оние мисли како немам доволно финансии, цел живот ќе наоѓате изговори, а со тие изговори може да стигнете како мене дури на 44 години да ви се исполни тоа што најмногу сте го посакувале цел живот“, вели Марко.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Не чекајте како мене 44 години, не барајте изговори, станете татковци - нема поубаво: Марко „Дај побрзај“ за татковството