Венко Филипче лично ѝ се јави на баба ми да ја убеди да оди на лекар: Фуркан Алиу за министерот за здравство

Новинарот Фуркан Алиу објави статус посветен на министерот за здравство, Венко Филипче

- Му раскажував на министерот Венко Филипче, колку сум разочаран што од почеток на корона-кризата се обидувам да ги убедам луѓето што порано да отидат на лекар, а денеска баба ми не сака да отиде на клинички... Зема телефонот, и се јави за да лично ја убеди дека нема лекар што не сака да спаси човечки живот и дека нема од што да се плаши - вели во статусот Фуркан, благодарен за гестот на министерот.