Видео кое го потресе светот: Детенце под урнатините вика по својот татко

Добивај вести на Viber

Утрово во 03:54 минути силен земјотрес ја погоди соседна Албанија. Земјотресот бил со епицентар во Драч со јачина од 6,4 степени по Рихтер. Од јачината на земјотресот се урнале згради и се предизвикани огромни штети.

Се урнала и палатата во Тумана, a од урнатините спасувачките екипи и граѓаните успеале да спасат момче. Од моментот на спасување, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека детенцето е преплашено, а спасувачите даваат се' од себе за да му помогнат и да го ослободат. Детето вика: „Тато,тато!“ Половина од телото му е заробено под урнатините, а спасувачите осветлуваат со мобилните телфони и му помагаат.



Според информаците на органите во Албанија, момчето е во стабилна состојба. Неофицијално, таткото на спасеното дете е мртов. Засега албанските медиуми јавија за четири жртви и над 150 повредени лица.