(ВИДЕО) Наместо солзи, лие кристали: Ни докторите не знаат каков е овој феномен

Дваесет и две годишната Сатеник Каразијан од Ширак, Ерменија, започна да ги чувствува своите први симптоми пред два месеци. Сега таа „произведува“ 50 кристали на ден, а неколку офталмолози не можеа да дијагностицираат што се случува, пренесуваат медиумите.

- Секој ден поминувам низ пекол - признала девојката за ерменските медиуми, додавајќи дека некои лекари дури и не и верувале, а други и препишале антибиотици кои немаат никаква врска со нејзината состојба.

На помош дојде и ерменското Министерство за здравство, а еден од најголемите експерти за офталмологија веќе се сретна со пациентката, а кристалите од нејзините очи беа испратени на анализа за да се утврди дијагнозата, што сè уште не е позната.


Избор: Београд.ин