(ВИДЕО) Принцот Чарлс заигра во Африка: Дали подобро танцува од Тереза Меј?

Добивај вести на Viber

Англискиот принц Чарлс очигледно е талентиран за уметност, а најмногу му лежи танцот. Синот на кралицата Елизабета за време на посетата на Гана, каде што е со својата сопруга Камила, се покажа како добар танчар, пишува Дејли Меил.

Принцот не одолеа, па заигра со танчерите во Гана на нивната традиционална музика на една културна манифестација. 

„Принцот ги воодушеви присутните, пријатно изненади. Тој е многу подобар од британската премиерка Тереза Меј, таа послабо танцува од принцот“, пишува понатаму Дејли Меил.

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила моментално се на турнеја низ Западна Африка во име на британската влада. Во моментот  во Гана, биле пречекани со танци, а потоа следувала и турнеја до дворецот кој бил тврдина за робовите за време на владеењето на Данска и Британија.

Принцот преспал токму во собата каде што била неговата мајка, кралицата Елизабета во  1962 година. За своите внуци тој на подарок добил разни сувенири, меѓу кои и детски книги.