Висока 6 метри: Елката на Кралицата Елизабета остава без здив (ФОТО)

Божиќниот дух во голема мера владее со стариот замок Виндзор. Во салата на Свети Џорџ, најсвечената просторија во замокот, чии темели биле поставени  уште во средината на 11-ти век, е поставена елка висока шест метри. Секој што сака може да ја види, бидејќи зградата по долга пауза поради пандемијата неодамна беше повторно отворена за јавноста.

Вработените во замокот сe намачија додека не ја украсија прекрасната норвешка смрека. Постојат традиционални орнаменти од црвена и златна боја кои се пренесуваат од колено на колено во семејството, а на врвот наместо ѕвезда има кукла во кралска униформа. 

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Оваа година посетителите имаат единствена можност да погледнат мини-изложба на празнична облека од колекцијата на кралицата Елизабета и нејзината сестра Маргарет. Мора да се признае дека некои парчиња, направени пред војната, несомнено заслужуваат да се најдат во Националниот музеј. На пример, кратко тиркизно палто од брокат со прекрасни мотиви што Елизабет го носеше за Божиќ во 1943 година, кога го глумеше Аладин во добротворна претстава.

А паркот Виндзор деновиве е вистински спектакл под отворено небо, особено ноќе, благодарение на неонското осветлување. 

Пред да замине на имотот во Сандригем, Норфолк, каде што со децении ги поминува празниците со своето семејство, кралицата ќе ѝ се обрати на нацијата и ќе ѝ испрати традиционална новогодишна честитка. Мештаните ја очекуваат и на утринската богослужба во локалната „Црква Марија Магдалена“.